Во соработка со КАМ маркети, општина Прилеп и Дедо Мраз денеска доделија стотици колетчиња на најмалите кај Градскиот Саат во Прилеп.
Дечињата се дружеа со кловнот Лили и се фотографираа со старецот со бела брада, а нивните мајки, татковци, баби и дедовци, уживаа во разиграната празнична атмосфера.
-Ја завршуваме оваа 2023 година со една позитивна енергија и со добра мисла дека во новата 2024 година заедно ќе продолжиме со уште поголема динамика, нова енергија и одговорно работење! Како што напоменавме средствата планирани за организиран дочек и изведувачи ќе бидат пренаменети во хуманитарни цели – порача градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.