После големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ кој во петокот се одржа на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во Прилеп, врие на социјалните мрежи од споредби за тоа колку биле посетени митинзите на двете најголеми партии.
Владеачката СДСМ во Прилеп беше на првиот ден од кампањата, а според фотографиите тоа беше најслабиот митинг или “трибина” кој оваа партија го имала во градот под Марковите Кули.
Прилепчани, но и медиумите коментираат дека на собирот од СДСМ се покажало дека власта ја губи довербата кај граѓаните, а причина за тоа било зголемувањето на сметките за вода за 60%, намалените пензии на пензионерите, непотизмот од невидени размери, како и неисполнетите ветувања за низа капитални проекти како од централната, така и од локалната власт.
Затоа во петокот, Прилеп беше сведок на исполнет плоштад и громогласна атмосфера. Кандидатката за претседател на државата, Силјановска Давкова и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беа пречекани со овации од прилепчани.
Најдобар показатал на реалната состојба на двете партии ќе биде првиот круг од претседателските избори, кои се закажани за 21 април.
Ваква беше атмосферата на митингот од ВМРО-ДПМНЕ:
А, вака изгледаше “трибината” на СДСМ: