(Фото галерија) Спектакуларно отворен турнирот во фудбал “Евро Гол-Македонија Куп” во Прилеп: 60 екипи и 800 талентирани деца од цела Македонија на едно место!

60 екипи и над 800 деца од генерациите 2011, 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 од денеска до недела, ќе се натпреваруваат на фудбалскиот турнир “Евро Гол – Македонија Куп”, кој вечерва на спектакуларен начин беше отворен на “Могилата на непобедените” во Прилеп.

На фудбалските натпревари им претходеше огномет, а свои настапи имаа играорци од КУД “Мирче Ацев” и гимнастичарите од КГС “Партизан- Соколи” Прилеп. Додека главни ѕвезди на вечерта беа децата од “Дајте музика”, кои одржаа одличен концерт пред стотици присутни.

Еден прекрасен настан кој престојниов викенд треба да се посети. Овие детски екипи заслужуваат поддршка, а кој знае, можеби еден ден токму од овие екипи ќе проникнат идни репрезентативци и македонски спортски амбасадори.

Сатницата и распоредот на натпреварите можете да ги погледнете ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.