Попладнево околу 17 часот, на кружниот тек кај “Солидност” во Прилеп се случи cooбpaќajна незгода во која учествувале две возила, марка “Мерцедес” и “Мини Морис”.
Според фотографиите кои ги добивме од наши читатели, причинета е голема материјална штета на возилата, а нема информации за повpeдени.
Полицијата на лице место работи на утврдување на точните причини за настанатата незгода.