На социјалните мрежи кружат фотографии од Хотелот “Молика” на Пелистер, каде голем број гости се заглавени поради обилните снежни врнежи кои од синоќа ја зафатија Македонија.
– Потребни сме на наште планинари од Лисец! Кој има било какви контакти, нека реагира на надлежните од Македонија пат, за да ги одглават! 150 наши сограѓани се заглавени во хотел Молика, оти има огромни врнежи од снег, а патот е непрооден за да се симнат, пишува на Фејсбук страната “Штипска идила”.
Се бара од надлежните да го расчистат патот.