Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, деновиве ќе биде во работна посета на Кина, а на покана на кинеското министерство за трговија.
Ристески и неговиот тим, се дел од македонската делегација, која учествува на Четвртиот саем за соработка на Кина, со државите од Централна и Источна Европа, за размена на стоки и трговија (China-CEEC Expo 2025).
Саемот се одржува од 22 до 25 мај во кинескиот град Нингбо.
-На саемот кој годинава се одржува со наслов „Нова визија за иднината“ учествуваат 14 македонски компании со презентација на нивните производи. Целта на China-CEEC Expo 2025 е развивање на трговската соработката помеѓу Кина и државите од Централна и Источна Европа, како и презентирање на можностите за инвестирање. Во рамки на официјалната посета остварив средба со заменик министерот за трговија на НР Кина задолжен за надворешна трговија, г-дин Линг Џи (Ling Ji), каде разговаравме за досегашната економска соработка помеѓу двете држави. Економската соработката помеѓу двете земји е на високо ниво, со голем потенцијал и можности за проширување, а ние ќе продолжиме да работиме на зајакнување на комуникацијата за стабилен развој на економските и трговските односи – напиша Ристески на социјалните мрежи.