(Фото галерија) Ристески и организаторите на KGJ3X3: На Прилеп му треба прволигаш и нови терени за кошарка

Синоќа на игралиштето во ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” во Прилеп, започна 15. јубилејно издание на најпознатиот турнир во баскет – KGJ3X3.

Оваа година турнирот го краси ново руво, се игра на олимписка подлога, а интересот особено кај младите беше огромен уште од првиот ден.

Одлична организација, уште подобри натпревари, многу публика, забава и дружење, вака може да се опише првата натпреварувачка вечер, каде присутен беше и актуелниот заменик министер за економија, Марјан Ристески, кој ги поздрави организаторите и заедно со нив разговараа за понатамошен развој на овој спортски бренд на Прилеп и воопшто за развој на кошарката и баскетот во градот под Марковите Кули.

Желбата околку која заеднички ќе се залагаат е Прилеп да добие нови кошаркарски терени во блиска иднина и секако стабилен кошаркарски клуб кој ќе игра во елитата.

Натпреварите продолжуваат и денеска, а утре најдобрите ќе играат во големото финале.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.