На 5 септември 2025 година, под организациската палка на ⋮IWConnect, на игралиштата во Паркот Могила на непобедените, 13 тимови се натпреваруваа во 6 различни спортски и креативни игри.
Водител на програмата беше Михајло Миленковски, актер при театарот „Војдан Чернодрински”, кој со свojата харизма ги водеше децата низ настанот. Со многу енергија, смеа и тимски дух, децата покажаа дека спортот и заедништвото се вистинска магија.
Организаторите упатуваат благодарност за анимацијата на најмалите до градинката ЕДУ “ШАМПИОНИ”, кои со својата енергија на настанот му дадоа една поинаква магија.
На крајот беа прогласени тројца шампиони – тимовите кои најмногу се истакнаа во спортскиот дух, тимската работа и креативноста.
-Упатуваме огромна благодарност до Општина Прилеп што ни го овозможи просторот и ја поддржа оваа детска идеја. Исто така им се заблагодаруваме на нашите партнери Алкалоид, Витаминка, Прилепска Пиварница, како и на Маркукуле портал за медиумската поддршка, Dance Studio New Generation и сите други пријатели кои ни беа со рака под рака. Секое дете си замина со насмевка, медал и спомени што ќе ги носи долго. Ова беше само почеток – со нетрпение ги очекуваме следните заеднички моменти – стои во соопштението од IWConnect.
Во продолжение погледнете како се забавуваа најмалите на детската Олимпијада во Прилеп: