Во изминатата декада градот под Марковите Кули доживеа целосна ренесанса. Од град кој живуткареше и се наоѓаше на работ на заборавот, кој освен сивилото на бившиот социјалистички режим немаше друго обележје, Прилеп прерасна во модерна, урбана средина, град во кој може да се ужива и има што да се посети и види.
Речиси и да не постои место, ќоше, простор, што не доби нов лик, што не се осовремени и што не доби нов дух. Можеме слободно да речеме дека прилепчани живеат во една нова епоха, кога се зборува за инфраструктурната уреденост, разубавувањето и грижата за градот.
[Best_Wordpress_Gallery id=”216″ gal_title=”ПРИЛЕП_ПАРКОВИ”]
Прилеп е пример во државата, Прилеп е создадено ремек дело, што постојано се надоградува и збогатува.
Покрај фестивалските манифестации и културни случувања, асфалтираните улици и патишта, новите инфраструктурни и културолошки објекти, градот е особено атрактивен за време на пролетниот период, кога се ќе раззелени и расцути.
Новите парковски површини, фонтани, езерца, зелени насади, а особено јапонските цреши, му даваат на градот еден нов шмек, модерен и современ лик.
Прилеп доби ново руво благодарение на Локалната самоуправа и градоначалникот Марјан Ристески, кои пристапија на еден патриотски начин кон градот и го возобновија духот и приматот на град херој.
Се надеваме дека на најсликовит начин ви ги доловивме убавините на градот под Марковите Кули.
Она што ни преостанува нам, е да го негуваме ова што го добивме, да го користиме на човечки и цивилизиран начин, да се гордееме и сите заедно да придонесуваме со идеи, за уште поубав, поурбан и помодерен Прилеп.
А.Г.