Дали прилепската Стара чаршија е пред пропacт?
Жално и тpaгично изгледа прилепската Стара чаршија. Голем број дуќанџии ставија клуч, а дуќаните се издаваат под кирија.
На 6-ти април дуќанџиите излегоа на протест и побараа спас на чаршијата. Тие тогаш истакнаа дека економските мерки кои Владата ги донесе се недоволни и безначајни за нив.
Дуќанџиите тогаш излегоа со низа барања до властите:
-Исплата на бруто плата за месеците март, април, мај на секој вработен за кој досега уредно се плаќале придонеси, без разлика дали тој е вработен, основач или управител.
-Мораториум за прво тромесечие од 2020 година на аконтациите за ДДВ.
-Да се замрзнат кредитите во деловните банки, да не се пресметува камата за тие месеци и да се остави време на трговските друштва да се прилагодат после кризата.
Понатаму дуќанџиите побараа уште и:
-Неповратни средства по фирма од 3000-5000 евра за набавка на роба за следната сезона после кризата.
-Овие мерки да важат до завршување на кризата.
Бараме од сопствениците на објектите, односно закуподавачите да ни излезат во пресрет со тоа што ќе не ослободат од закупнина во овие кризни месеци
Прилепската Стара чаршија е една од најголемите во државата и е гордост на прилепчани. Овие фотографии зборуваат само едно – чаршијата очајно моли за помош, да се спаси барем тоа што може да се спаси!