(Фото галерија) Преспа и Ресен викендов ги собраа сите авантуристи на едно место: Настан кој веќе со нетрпение се очекува повторно да се случи

Благодарение на Општина Ресен и градоначалникот г-н Јован Тозиевски, како и на здружението “Преспа Бајк”, после пауза од две години Ресен и Преспа повторно бea во знакот на адреналинот, под мотото – „Ајде шана мана под Галичица“.

Годинава забележително беше бројното учество на сите настани, а интерес имаше и за новите интересени содржини како:

▪️ноќната трка низа градот Ресен (Ресен трчаТ) во должина од 5км и

▪️летање со параглајдер, т.е спуштање од височините на убавата и живописна Галичица.

Не изостанаа и традиционалните дисциплини: планинарењето до највисокиот врв “Магара”, велосипедската тура, која стартуваше од плоштадот “Цар Самоил” во Ресен, па сè до височините на Галичица, како и рекреативна тура Стење-Коњско, со посета на Змискиот остров со чунки.

Ресен и Преспа овие денови се промовираа како одлично место за OUTDOOR случувања и развој на адреналинскиот и езерски туризам, и сето тоа зачинето со многу забава, дружење, авантури…

-Се гледаме в година со нова енергија, нови содржини и уште поголема масовност – порачуваат организаторите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.