“Традиционално најголемата македонска партија ВМРО-ДПМНЕ на Василица организира средба со своите членови. Денеска кичевчани беа почестени со присуство на идниот премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски” – информираат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево.
Позитивната енергија, убеденоста дека на 12 април ќе се освојат минимум 61 пратеник, намерите за економски бум и одговорност на сите што се огрешиле пред законот, на неколку пати предизвикаа оваации кај присутните.