Заштитникот на вишнемаалци, парклисот посветен на “Св.Ѓорѓија” последниве години е оставен на забот на времето.
Правен волонтерски од група млади ентузијасти кои секоја година го одбележуваат патронот, секој ден изгледа се позапуштен и поуништен.
Жителите на познатото Вишне маало бараат надлежните да го освежат и обноват нивното катче. Бараат како и во другите паркови да се постави нова урбана опрема, корпи за отпадоци и да се обнови тревникот.
Не се работи за голема површина, па и финансиските средства кои би се одделиле нема да бидат големи, треба само желба и волја.
Паркчето со параклисот во Вишне е само еден од маалските паркови во градот кои чекаат на освежување или обновување.