(Фото галерија) “Панаѓур во сала “Македонија”, дуќанџиите и трговците во Прилеп “гневни” на Локалната??”

Викендов во спортската сала “Македонија” во Прилеп се одржува панаѓур, на кој се продава се’ и сешто.

Токму тоа секогаш ги лути прилепските дуќанџии и трговци во Старата прилепска чаршија, кои се гневни на одржувањето на вакви пазари.

“Наместо сите подеднакво да се бориме за лебот и заработката, се чини некои трговци се повластени и без давачки заработуваат на нашиот грб”, вели еден дуќанџија за Маркукуле кој ни ги испрати фотографиите.

Дуќанџиите велат дека ова е нелојална конкуренција, која мора да се запре или пак давачките кои важат за нив да важат за сите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.