Во организација на ЗСР “СОМЧЕ” од Прилеп, викендов на прилепското вештачко езеро се одржа Државното првенство во спортски риболов во категорија за учесници до 15 годишна возраст.
Токму членовите на прилепскиот клуб, Диме Спасески, Софија Јовчевска и Матеј Трајкоски, беа одлични и во нивниот прв настап на вакво првенство освоија второ и трето место во зонски пласман.
Од прилепскиот клуб упатуваат благодарност до градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој сите дечиња ги пречека со топол оброк.
“Децата се нашата иднина и затоа мораме да им се посветиме и да ги водиме по правилниот пат. Голема благодарност до сите учесници кои неуморно се бореа до последниот момент и покрај високите температури. Благодарност и до нашите спонзори кои помогнаа овие дечиња да бидат успешни и да уживаат во настанот, а тие се: “Пет Шоп Егзотик Фиш” Прилеп, “Уни Марбл” Прилеп и ПП “АУТО” Прилеп” – напишаа организаторите.