Заврши реновирањето во подрачното училиште на ООУ „Климент Охридски“ во с. Мажучиште, каде се извршени значителни подобрувања за одвивање на наставата. Училиштето доби нови подови, нова дограма и нова спортска сала.
-Со овие инвестиции обезбедуваме поквалитетни услови за учење и развој на нашите ученици. Децата се нашата иднина, и секој вложен денар во нивното образование е инвестиција во подобро утре. Заедно со директорот на училиштето го посетивме ова подрачно училиште и учениците кои се инспирација за нашата посветеност и работа. Локалната самоуправа ќе продолжи да ги поддржува сите основни и средни училишта во општината. Заедно ќе изградиме силна и успешна млада генерација која ќе биде пример и гордост за Прилеп – напиша градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.