Граѓаните кои живеаат во типските куќи, најелитната населба во Прилеп, испратија фотографии до нашата редакција преку кои реагираат за неподносливата миризба која се шири до нивните домови.
Причината за тоа е сметот од речното корито на “Дабничка река” кој наместо директно да се товари во камиони растекува по улиците и е потенцијална опасност за зарази и болести, особено во овие денови кога температурата на воздухот се искачува и над 30 степени целзиусови.
“Децата се спречени да играат на улицата и сме загрижени за нивното здравје”, вели наш читател.
Инаку, реакции за нечистотија и расфрлан отпад во Прилеп, деновиве пристигнуваат од сите краишта на градот.
Прилепчани утринава одново реагираа и за миризбата од контејнерите пред ООУ “Добре Јованоски”.