Kaко и изминатите три години, и оваа година свештенството од храмот Св. Никола во Крушево, низ улиците на Крушево, одржа литија со светите мошти на патронот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Св. Климент Охридски.
На Литијата и претходеше света богослужба во црковниот храм Св. Никола, а потоа голем број крушевчани, меѓу кои и голем број млади, поминаа низ крушевските улици, а глетката беше величенствена.
Голем број верници учествуваа во литијата и се поклонија пред моштите на светиот Климент Охридски. На Литијата чиноначалствуваше Епископот делчевско – каменички г. Марко во сослужение на Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован, а предавање одржа отец Предраг Поповиќ на тема “Смирението и моќта”.
Еден прекрасен настан кој како и изминатите години зрачеше со љубов, радост и топлина.