(Фото галерија) Му туриле брашно, наместо асфалт реагираат жителите?

Жителите на улицата “Kире Пајмакоски” во центарот на Прилеп, пред два дена не’ информираа за состојбата во која се наоѓа нивната улица.

Тие апелираа до надлежните веднаш да ги санираат огромните кратери на нивната улица и да им го олеснат секојдневието.

Се работи за улица од стотина метри која се наоѓа во строгиот центар на Прилеп, во непосредна близина на “Шарена чешма”.

Oткако го објавивме нивниот апел, дупките биле санирани, но погледнете како:

Се надеваме дека ова е преодно решение и дека во наскор можен рок улицата ќе биде санирана со нов асфалтен слој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.