(Фото/Видео) “Мицкоски во Прилеп: Победата е се поизвесна, народот ќе ги казни непотистите?”

На иницијатива на Унијата на ветерани при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, денеска на големиот христијански празник Свето Благовештение – Благовец, во манастирот Св. Димитрија во село Селце прилепско беше одржан голем народен собир.

На собирот присутен беше и Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, кого прилепчани го пречекаа со овации.

Мицкоски го честиташе празникот на сите православни верници и посака благосостојба и здравје за сите граѓани.

Тој потоа се обрати пред граѓаните и порача дека народот доаѓа по своето и дека на 21 април ќе ја казни власта.

Мицкоски истакна дека победата на Професор Д-р Гордана Силјановска Давкова е веќе извесна и дека Македонија ќе добие жена за Претседател.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.