(Фото галерија) Краткотраен дожд го “однесе” новиот булевар во Прилеп: За ова ли се потрошија 1 милион евра?

Краток порон дожд беше доволен да го поплави реконструираниот дел од булеварот “Гоце Делчев” во центарот на Прилеп, проект кој чинеше ближу 1 милион евра.

Реконструкцијата на овој дел од булеварот, е еден од проектите со кои локалната власт на СДСМ предводена од градоначалникот Илија Јованоски, сега одново ја бара довербата на прилепчани за уште еден мандат.

Вчерашниот краткотраен пороен дожд го претвори булеварот во надојдена река, а на тоа реагираа граѓаните, кои на социјалните мрежи прашуваат “дали за ова се потрошија 1 милион евра?”

Отварањето на новиот булевар беше во декември минатата година, а на него присуствуваше и премиерот Зоран Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.