Градоначалникот на Долнени, Урим Ибески, дава пример како се работи во интерес на сите без предрасуди. Ибески е кадар на ДУИ, но независно од тоа, во мултиетничка општина како што е Долнени, каде во различни населени места живеат едни покрај други: Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци… Ибески прави напори малата општина со скромниот буџет да излезе во пресрет секаде.
Деновиве се асфалтирале улици во населените места Сарандиново и Бело Поле каде живее македонско етничко население. Планот на општината било да се продолжи во Секирци, Ропотово, Новоселани, Заполжани… сите македонски села, но пред два дена се случило нешто кое никој не можел да го претпостави.
Непознат сторител/ли ги запалиле градежните машини, како на некој да му пречи урбанизацијата на македонските села, и покрај тоа што во некои од нив со децении не е фрлена ниту една лопата асфалт.
Од општината сепак најавуваат дека за десетина дена активностите ќе продолжат, или како што велат: “И покрај сите нечовечки влијанија, ќе продолжиме да асфалтираме и да го подобруваме животот и секојдневието на сите граѓани”.