(Фото галерија) Екипата на ТЕА АНДРЕА-ХАЈФ КАФЕ e шампион на Светиниколскиот турнир во мал фудбал

Заврши уште еден успешен турнир во мал фудбал “Св. Никола” во Прилеп.

Големото финале кое вечерва се одигра пред преполна сала, донесе извонредна фудбалска претстава, а на крајот на шампионскиот трофеј и наградата од 260.000 денари се радуваше екипата на Теа Андреа-Хајф Кафе, кои после пенал рулетот ја совладаа екипата на АСП ПАК со 3:2, откако во регуларниот дел резултатот беше 2:2.

Претходно во натпреварот за третото место Компанија Атанасовски славеше со 6:0 против Best Solar/Tag Balkan, a помеѓу малото и големото финале се одигра и ревијален натпревар помеѓу ветераните на Победа и Пелистер, кој црвено-белите го добија со 2:1.

На крајот може да се додаде дека турнирот го красеше одлична организација, а фудбалските вљубеници се надеваат дека наредното издание одново ќе го дочекаат во Универзалната сала.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.