(Фото галерија) Деца тренирајте шах! Вчера забава, дружење и натпревар во Прилеп – дечиња од повеќе градови на отворено се надмудруваа со потези

Во организација на ШК “ПРИЛЕП” денеска во Вила “Аврамоски” се одржа Првенство на Прилеп во шах за деца родени 2006 и помлади.

Во прекрасен амбиент, со многу забава и дружење, голем број дечиња се натпреваруваа и надмудруваа пред шаховските табли.

На турнирот покрај од Прилеп, учество зедоја дечиња и од: Струга, Охрид, Ресен, Битола и Струмица.

-Победници се сите – толку весели и насмеани лица немало никаде. Барање е да организираме масовен меѓународен детски шаховски турнир на отворено. Наша цел е шахот да го биде на пиедесталот. Очекувајте нови пријатни изненадувања – напиша на ФБ претседателот на шаховскиот клуб “Прилеп”, Тони Кироски, кој ги објави и победниците на турнирот.

-До 8 години: 1.Андреј Печијарески 2. Дамјан Блажески 3.Борис Петровски
-До 10 години: 1. Мартин Велков 2.Надица Велкова 3.Кристијан Панов
-До 12 години: 1.Симеон Зојчески 2. Давид Долгоски 3.Маја Дамеска и Јован Велески
-До 14 години: 1. Давид Маркушески 2. Стефан Јакопетрески 3. Јован Пуроски
-До 16 години: 1. Никола Павлески 2. Михаил Маркушески 3. Александар Николоски и Теодора Ѓорѓиеска




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.