Здрави расцветани и раззеленети дрвја се исечени се со цел да се стесни улица и да се уништи децениски дрворед?
Изминатите месеци во Прилеп се врши реконструкција на булеварот “Гоце Делчев” во централното градско подрачје, а од пред десетина дена започна и реконструкцијата на дел од улицата “Прилепски бранители”.
Иако властите истакнаа дека нема да има уништување на дрворедите, досега се пресечени четири големи дрвја.
Од Општина Прилеп и ЈКП Комуналец сечењето на дрвјата го оправдаа дека истите биле трули и претставувале потенцијална опacнocт за минувачите и материјалните добра, иако дрвјата беа раззеленети и со бујни крошни.
Покрај тоа во соопштението на општината и Комуналец се тврди дека се две, а се работи за четири дрвја.
Според оваа логика, да беше чинарот од Охрид во Прилеп, од ЈКП Комуналец и Општина Прилеп најверојатно и него ќе го пресечеа…