(Фото галерија) Градоначалникот изработуваше Божиќни ѕвезди заедно со дечињата

Воочи големиот празник, денот на Христовото раѓање Божиќ, Битола и битолчани го празнуваат Бадник, ден кој го наговестува неговото раѓање.

Пред големиот настан, во овогодишните подготовки за Бадник, во работилницата се вклучи и градоначалникот на општина Битола Тони
Коњановски. Заедно со организаторите и дечињата, изработија над 2000 Божиќни ѕвезди кои ќе го осветлуваат патот на Бадникарчињата и оваа
година по Широк Сокак.

Во рамките на подготовките, се одржа последната проба на тимот за организација на „Бадникови поворки 2025 Битола“ . Дечињата најдобро го
најавуваат Христовото раѓање, со носење на ѕвездите, кои ја симболизираат Божиќната ноќ, кога е роден Христос.

На Бадник, 06.01.2025, во 12 часот од Плоштадот Магнолија по Широк Сокак ќе се движи големата Бадникова поворка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.