Камперите од автокампот Крани оддржаа мирен протест против енормното покачување на цените на закупнина на камповите.
Велат, од лани досега за 100 насто концесионерот ги покачил цените, а не вложува во подобрување на услугите, па сезонава закупнината ќе ги чини дури 45.000 денари за камп кој е во субстандардни услови.
Велат, концесионерот иако ветил, досега не ја поправил водоводната и канализациската мрежа, ниту направил пречистителна станица.
Концесионерот вели цените пораснале исклучиво поради порастот на цената на струјата и на минималецот. Уверува дека цените на овој камп се најниски од сите во државата. Според него, поскапувањето не е поголемо од 30 насто.
На протестот присуствуваше и градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски, кој вети дека ќе биде посредник на разговорите помеѓу двете засегнати страни.