Во голема акција на шумската полиција, вчера во атарот на село Никодин – прилепско, oткриени се 100 метри кубни зелени дабови огревни дрва, кои бесправно биле исечени.
Во моментов сеуште трае акцијата за нивно одземање, а дрвата се предаваат на привремено чување во Македонски шуми.
Засега не е познато кои се сторителите на оваа бесправна сеча на шума.