Прилеп вчера (24 јули) одбележа 67 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на Првото заседание на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто.
Еден од најголемите великани во македонската историја, голем борец, деец, политичар и визионер, кој знаеше дека Македонија еден ден ќе стане независна и самостојна држава.
По тој повод, воедно и по повод 80-годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, каде беа донесени уставотворни одлуки и ставени темелите на македонската држава, вчера во Меморијалниот музеј “11 Октомври 1941”, беше отворена изложбата “Ченто – биографија низ фотографија” која во изминатиот период беше поставена во 25 градови во Македонија.
Поставката е во организација на НУ Завод и Музеј – Прилеп, а истата ќе биде отворена за посета и денеска 25. јули, и утре 26.јули, од 18 до 20 часот.
Да изразиме почит кон Ченто и кон сите кои се вградија во темелите на независна и самостојна Македонија!