Маршот „Сведоштво за семејство“ од црквата „Пресвета Богородица“, кој го пердводеше митрополитот повардарски Агатангел беше масовно поддржан од народот кој се залага за зачувување на традиционалните семејни вредности.
Маршот се движеше од црквата „Св. Богородица“ на улицата „Филип Втори Македонски“, десно по улицата „11 Октомври“, улицата „Димитрие Чуповски“, улицата „Васил Главинов“, булеварот „Партизански одреди“ до Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.