На плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп, граѓаните имаа можност да присуствуваат на величествен заеднички концерт на воениот оркестар на Армијата на Република Македонија и воениот оркестар на Обединетото Кралство – организиран во чест на Кралот на Обединетото Кралство.
Публиката уживаше во изведби на популарни македонски мелодии и маршевска музика во движење, во духот на пријателство и воено-дипломатска соработка меѓу двете земји.
-Општина Прилеп со гордост беше домаќин на овој настан кој ја истакна моќта на музиката како универзален јазик што ги зближува народите и културите. Благодарност до сите учесници, организатори и присутни граѓани за достоинственото одбележување и за топлиот пречек на гостите од Обединетото Кралство. Прилеп – град на традиција, соработка и култура – напишаа од општина Прилеп на ФБ.