Општина Битола, во соработка со Преспанско – пелагониската епархија, денес го одбележува Денот на заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“.
По повод празникот, утрово се одржа Литургија во Соборниот храм „Свети Великомачник Димитриј“, од каде верниците продолжија со Литија низ битолските улици, движејќи се по улицата „Кирил и Методиј“, покрај Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ и низ Широк Сокак.
Одбележувањето продолжува напладне, со доделување на награди и признанија на талентирани ученици од битолските основни и средни училишта, согласно објавениот јавен повик од општината.