(Фото) Временска капсула: Мумија ставена на скенер за да се откријат тајните на древен Египет

Модерна медицинска технологија од една италијанска болница ќе биде искористена за да се откријат тајните на древен Египет, пренесува Ројтерс.

Мумијата Анкхекхонсу на древниот египетски свештеник беше пренесена од Градскиот археолошки музеј во Бергамо во миланската болница Поликлинико, каде експертите ќе се обидат да дознаат нешто повеќе за животот пред 3.000 години.

“Мумиите се практично биолошки музеј, тие се како временска капсула”, изјави Сабина Малгора, директорката на Проектот за истражување на мумиите.

Малгора вели дека податоците името на мумијата потекнуваат од саркофагот кој дарира од 900 година пред нашата ера, каде името Анкхекхонсу е напишано на пет места.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.