(Фото) Во ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков”, oтворена изложбата на дела од ликовната колонија “Дрен 2020”

Во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ денеска е отворена изложбата на дела од ликовната колонија Дрен 2020.

Пред посетителите се изложени 25 дела создадени од 14 уметници – учесници на колонијата Дрен 2020. ( Џигдем Ѓуллу, аташе за култура на Р. Турција, Беди Ибрахим, Мирко Вујисиќ, Микица Трујкановиќ, Драган Најденовски, Марија Стојаноска Петковски, Тони Чатлески, Мирјана Крстева Масети, Владимир Темков, Жани Гелевска, Марјан Стојаноски, Александра Димитрова, Ангел Коруновски, Тамара Танкоска..).кои на своите извонредни дела ги отсликаа нивните видувања, нивните импресии од секојдневието. Ја пренесоа со љубов својата уметничка душа на платното и ги пренесоа нивните верби за подобро УТРЕ.

-Годинава уметноста одново се случи, но на дистанца заради корона кризата. Уметниците иако не се дружеа физички, сепак работеа во сопствените ателјеа, пренесувајќи ја позитивната мисла. Помислата дека даруваат нешто вредно ги „водеше“ да создадат дела кои се ќе останат забележани дека се создадени на 12 – тата Ликовната колонија „ДРЕН 2020“, која ја организираше НУЦК „Марко Цепенков“, со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија. Уметниците беа плодни. Создадоа дела кои се королитни, зрачат со оптимизам и предизвикуваат внимание. Сами по себе се одлични, но и како заедничка концепција се надополнуваат едни со други и креираат врвна уметност. Ќе останат во трајно наследство на ЦК Марко Цепенков – Прилеп, на државата.– вели Каролина Мицевска, советник за односи со јавноста на ЦК „Марко Цепенков“.

Ликовната колонија Дрен постои од 2008 година. Досега учествувале на 150 творци, еминентни уметници од земјата и од странство, кои создале над 300 дела кои се во сопственост на ЦК „Марко Цепенков“, но и на државата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.