(ФОТО) Во Битола се работи турбо! Димитровски и денеска вршеше увид на терен

Секретарот на општина Битола, Борче Димитровски и претставници од одделението за комунални дејности и уредување на градежно земјиште во општината, денес извршија увид на работните активности за изведба на дел од атмосферска канализација на улица „СРУ 5“. Градежните работи на терен ги изведува КЈП Нискоградба, согласно планираната динамика, а вкупната вредност на овој проект изнесува 773.864 денари.

По завршувањето на оваа фаза, планирано е поставување на водоводна мрежа и коловоз и поврзување на улицата „Крушевска Република“ со „Партизанска“, што е доста значајно за растеретување на сообраќајот во овој дел на градот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.