ФОТО: Во Австралија пронајдено чудовиште на брегот на локално езеро

sustestvo-riba

На брегот на езерото Маскара во Австралија е пронајдено суштество кое изгледа како чудовиште од праисторијата, со заби остри како жилет.

Итан Типер наишол на овој „монструм“, како што го нарекуваат тамошните медиуми, а фотографиите ги објавил на социјалните мрежи.

Тој се надева дека некој ќе успее да го идентификува ова суштество, кое има тело на крокодил и глава слична на делфин.

Но наскоро се појавил експерт со цврсто објаснување за потеклото на животното.

Марк Мак-Гатер вели дека станува збор за штука-јагула.

-Ова е првпат да го видам суштеството во живо. Досега сум го гледал само во книги. Овие суштества можат да бидат многу опасни поради екстремно острите заби, изјавил тој.

Инаку, Марк вели дека оваа штука-јагула сигурно е многу стара, бидејќи била долга преку метар и пол.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.