(ФОТО/ВИДЕО) Победија на “Прочка”, а сега ги маѓепсаа сите присутни во Лесковац – дечките од ООУ “Кочо Рацин” – Рид, со мастрална изведба на карневал во Србија

Победниците од прилепскиот карневал ,,ПРОЧКА 2025,, го претставувааа нашиот град и држава на Интернационалниот карневал во Лесковац, Р.Србија, кој се одржа на 11. и 12.07. Во конкуренција на учесници од голем број европски држави, учениците и наставниците од ООУ ,,Кочо Рацин,, – Рид блеснаа во најдобро светло.

Со својата магична изведба на дефилето на детски маски, ги оставија членовите на жири комисијата и сите присутни без здив.

А дека се претставија во најдобро светло, доказ е специјалната покана од организаторот и директор на карневалот, да останат и да учествуваат на главното дефиле на маски наредниот ден.

-Браво за сите кои придонесоа да се реализира оваа идеја, а најголема благодарност до родителите, кои во голем број присуствуваа на настанот и без чија помош овој спектакуларен проект беше невозможно да се реализира – велат од училиштето.

Посебна благодарност упатуваме до Општина Прилеп за можноста да го претставуваме ПРИЛЕПСКИОТ КАРНЕВАЛ,, ПРОЧКА,, и нашиот прекрасен град.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.