Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска неодамна откри дека по долго време повторно е заљубена и не е „сингл“.
Но, деталите не ги откриваше, од причина, како што самата рече, да не ја урочат. Сепак актерката се предомисли – на Инстаграм сподели фотографија со својот сакан Зоран Ацидовски.
Еве, ексклузивно ќе ви откријам дека имам партнер, заедно сме многу кратко, но среќна сум и задоволна. Не ви кажувам детали за да не ме урочат – изјави актерката пред некое време за медиумите.