(Фото) Вардарец ги овековечи европските титули со епска тетоважа!

Со многу проблеми и големи сомнежи пред патувањето во Келн, вардаровите ракометари успеаа да го направат невозможното. Никој не очекуваше од нив да ја освојат втората европска титула во три години, но токму тоа тие го направија и уште еднаш ја обединија нашата држава.

Илјадници навивачи беа дел од дочекот и достојно го поздравија тимот на Роберто Гарсија Парондо.

Еден од нив се осмели да ги овековечи трофеите на својот омилен клуб со тетоважа. Дечкото се вика Андреј и е голем фан на „црвено-црните“, а беше и дел од завршниот турнир на Лигата на шампионите.

Тетоважата е направена во студио „Скинк“ во Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.