(Фото) Брус Вилис избркан од продавница затоа што не носел маска

Холивудскиот актер Брус Вилис влегол во продавница без заштитна маска, поради што вработените веднаш му рекле да ја напушти продавницата, пренесуваат странските медиуми.

Имено, како што се наведува, присутните во продавницата биле лути бидејќи актерот не носел заштитна маска, иако имал шал околу вратот што можел лесно да го стави и да го користи наместо маска за таа намена, пишува „Пејџ Сикс“. Брус Вилис на крајот ја напушти продавницата без да купи ништо.

Оваа реакција на луѓето од продавницата е целосно оправдана бидејќи Лос Анџелес е епицентар на кopoнавиpycoт во Калифорнија, а досега во овој град се забележани повеќе од 10.000 cmpтни случаи поврзани со кopoна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.