Нејзиното Височество, кралицата Елизабета ги прими акредитивните писма на новиот Македонски амбасадор во Велика Британија, беше објавено на официјалниот Твитер профил на кралското семејство во земјата.
„Нејзината екселенција Александра Миовска беше примена од Кралицата каде што ги предаде акредитивните писма како Амбасадор на Република Македонија“ – стои во Твитот на кралското семејство од Велика Британија.
По потпишувањето на договорот во Преспа, дел од државите, особено во соседството почнаа да го користат името предвидено во Преспанскиот договор, иако тој се уште не е имплементиран, ниту пак е променет уставот на земјата.
Her Excellency Mrs. Aleksandra Miovska was also received in audience by The Queen and presented the Letters of Recall of her predecessor and her own Letters of Credence as Ambassador from the Republic of Macedonia. pic.twitter.com/DIVZjKc6QH
— The Royal Family (@RoyalFamily) November 8, 2018