Мартин Форд, англискиот бодибилдер кој се испроба и во ММА, со својата сторија ги зачуди сите, бидејќи иако сега изгледа буквално како ѕвер со мускули, некогаш бил коска и кожа.
Тој како тинејџер се занималал со крикет, добил мононуклеоза и една година ништо не можел да прави. Тој по повредата по препорака, на докторите, влегол во теретана. Тогаш се заљубил во вежбањето и сега е ѕвер од 150 килограми, иако на 19 години имал само 73 килограми.