Во “Стејплс центарот” во Лос Анџелес синоќа се доделуваа Греми наградите, а младата музичка ѕвезда, 18 годишната поп пејаќка Били Ајлиш триумфираше освојувајќи пет награди, вклучувајќи ја и наградата за најдобар нов пејач и песна на годината “Bad guy”.
Со овие награди таа ја надмина Тејлор Свифт како најмладата пејачка која некогаш добила Греми награда.
Нејзиниот постар брат, Финиас О’Конел исто така доби награда за продуцент на годината за работата на нејзиниот албум, кој е снимен во семејната куќа.
Подигнувајќи ја наградата за најдобар албум, таа изјави дека оваа награда ја заслужила Аријана Гранде.
Греми наградата за видео на годината ја освои Лил Нес за песната “Old town Road”, како и златен грамофон за поп дуо или групен настап, заедно со Били Реј Сајрус.