ФОТО: Бегајќи од терористи се фрлила преку прозор и починала, а станувало збор за вежба

Симулациска вежба на терористички напад била организирана на Универзитетот Стратмор во Најроби , но наместо како поука за тоа како да се однесуваат за време на потенцијална закана, вежбата завршила трагично.

30 лица биле повредени, а една жена починала откако се фрлила од прозор, бидејќи била преплашена.

Во неуспешната симулација на полицијата страдала 33-годишната Естер Кидамби, една од вработените службенички на факултетот.

-Одеднаш слушнав стрелање, за кое подоцна се испостави дека се само ќорци. Во тој момент бев толку исплашена, што само се стопив во толпата и продолжив да трчам кон излезот. Меѓутоа, овде нé пречека уште еден маскиран човек со оружје во рацете, па инстинктивно излегов преку прозорецот, рекла една од студентките.

Наскоро следувало панично стампедо на луѓе кои во тој момент се нашле во зградата.

Многумина завршиле со потешки повреди, како повеќекратни скршеници на рацете и нозете.

Она што е чудно што никој на универзитетот не знаел дека станува збор за симулација, а од полицијата рекле дека на тој начин сакала да види како цивилите се однесуваат во случај на терористичкиот напад. Експериментот за жал завршил трагично.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.