Стара слика е пронајдена во кујната на една баба од Франција. Оваа икона која долго ја чувала сега ја направи мултимилионерка.
Ремек делото е направено од италијанскиот сликар Чимабе од 13 век, а откриено е во почетокот на оваа година. Оваа слика беше конечно продадена по нејзината вистинска вредност, односно 24 милиони евра.
Доминик Ле Кон од аукциската куќа Аксион, кој делото го продал на анонимен купувач во близина на Париз, рекол дека продажбата го сруши светскиот рекорд.
Аукционерот ја видел сликата во јуни додека ја разгледувал куќата на северот од Франција и предложил сликата да биде однесена на проценка од експерти.
Иконата висела на ѕидото измеѓу кујната и дневната соба, а нејзиниот сопствник не ја сметал за важна.
Жената сега ќе го добие поголемиот дел од продажбата, наведува аукциската куќа.