(ФОТО+Извештај) Девојките на РК Филип Вардар триумфално над РК Виница во меч од Јуниор Лигата кај генер.2002/03

2112-660x330

Во салата “Кале“ викендов се одиграа дел од мечевите во 4.коло во Јуниор лигата. РК Филип Вардар кај дамите родени 2000 и 2001 однесе победа над РК Виница. Девојките од Прилеп први го отворија мечот со два гола и водство од 2-0, на кое одговори Виница со гол за 2-1. Следуваше серија 4-0 со која РК Филип поведе со 6-1. Виничанки намалија на 6-2, по што девојките од Прилепскиот тим со серија нова овојпат од 6-1 поведоа со 11-3, резултат со кој се отиде на одмор.

Вториот дел повторно почна со доминација на РК Прилеп кој три гола поведе со високи 14-3 со што го реши однапред овој дуел. Во продолжение Виница се врати во мечот играше поцврсто намали на 14-4, потоа се играше до крајот гол за гол. Двата тима постигнаа по три гола и дуелот заврши 17-7. Кај победникот Јовевска постигна 9 гола, Цветковска даде 3, Димовска 2, Проевска, Звездановска и Крстевска постигнаа по еден гол. Треба да се напомене дека одлична беше и нивната голманка Драгана Маркоска. Кај Виница: Вучкова и Милчевска постигнаа 3 гола, Стоименова погоди еднаш. Покрај извештајот вардарфанс.мк во продолжение ви носи и фотографии од дуелот.

8

1

2

3

Извор: ВардарФанс




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.