Велосипедите отсекогаш биле примамливо превозно средство за прилепчани. Двете тркала, едно напред, едно назад, “завиткани” со гума и споени со метална конструкција биле повеќе од магаре.
Фатени за рачките, небаре за волан, “бичат” на велосипеди, и стари и млади. Со клима “автоматик”, везден уклучена, седиште од вештачка кожа, чиниш возиш вистински кабриолет. Колцето се врти, небаре земја не допираш.
Те бидува за велосипедиста, ако по удолнини се спушташ, а на велосипед остануваш. Се организирале и велосипедски трки како оваа за која сведочи фотографијава.
И денес трките на велосипед се атракција и дел од кампањите за здрав живот и чиста средина без автомобили.
Извро: “Неделник Зенит”