Љубовта не познава граници. Доказ за тоа е оваа фотографија, на која се гледа заљубен пар момче и девојка облечени во дресови од фудбалските репрезентации на Хрватска и Србија како се бакнуваат.
Тие гордо ја објавија сликата на социјалните мрежи и со тоа покажаа дека нема потреба од несогласувања, без разлика што доаѓаат од земји кои политички баш и не се согласуваат околу многу ставови.