,,Момент на впечатоци 2,, е новиот циклус на фотографии од новинарот Каролина Мицевска презентирани пред скопската јавност. На увид во Домот на АРМ се 24 фотографии. Еден мал дел од фотографиите се од првиот циклус, со цел продолжение на нејзиниот творечки опус.
Фотографиите на Мицевска дел се настанати при нејзините убави моменти низ Македонија, од повеќе европски земји, со посебен акцент на Русија.
Александар Димкоски, уредник на Нова Македонија, ќе забележи дека секогаш како новинар Мицевска текстовите ги надополнува со убави фотографии, што ја прави вистински комплетен автор.
-Како долгогодишен дописник на Нова Македонија ни ја олеснува работата. Со текстовите стигнуваат и фотографиите. Секогаш внимателно избрани и така речи фотографиите говорат за она што таа пишува. Нејзините творби се топли, сугестивни и имаат убав колорит. Радува фактот што таа ги овековечила убавите македонски пејзажи, културно историските паметници низ земјата, со посебен акцен на Русија – вели Димкоски.
За фтотографиите на Мицевска писателот Петар Петровски вели дека се интересен информациски продукт.
– Секојдневното фотографирање го истенчило нејзиното око. Се развил смисолот за визуелна естетика, а со текот на времето, тоа се трансформирало во изразит сенс кон фотографијата. Преку овие фотографии Мицевска сака да ни соопшти дека пронашла сличности меѓу Русија и Македонија, сличности во културата, традицијата, старите градби – вели Петрески.
Каролина истакнува дека со фотоапаратот ќе другарува и понатаму , а до следен проект нејзините фотографиите ќе се наоѓаат на социјалната мрежа ФБ.