Бузлуџа е “летечка чинија” која се наоѓа на врвот од Стара планина во Бугарија, а се работи за бетонски споменик подигнат пред 40 години.
Необичниот објект веќе две децении е оставен да се распаѓа, бидејќи Бугарија настојува да го заборави своето комунистичко минато. Меѓутоа, архитекти од западните земји сакаат да го зачуваат овој објект.
Скулптурата висока 70 метри е направена од 70.000 тони бетон, 3.000 тони армиран челик, 40 тони стакло и изгледа како да лебди на 1.440 метри надморска висина.